Младиот италијански возач Кими Антонели ја освои пол-позицијата за Големата награда на Јапонија на трката во Формула 1.
Антонели стигна до целта со време од 1:28.778. Возачот на Мерцедес беше побрз од тимскиот колега Џорџ Расел за три десетинки од секундата, со што „Сребрените стрели“ го освоија првиот стартен ред во Сузука за прв пат од 2018 година.
Третото место му припадна на Оскар Пјастри во Мекларен, додека Шарл Леклер беше четврти по грешка во брзиот круг. Актуелниот шампион Ландо Норис заврши петти, пред Луис Хамилтон.
Најголемото изненадување на квалификациите беше елиминацијата на Макс Ферстапен, откако беше претекнат од дебитантот Арвид Линдблад на самиот финиш.
Трката за Големата награда на Јапонија се вози утре (29 март) во 7 часот наутро.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

