Крилниот фудбалер Антони, кој во моментов се наоѓа на подготовки со неговата репрезентација, истакна дека почувствувал силни емоции кога добил повик да биде дел од националниот тим на Бразил.
Тој рече дека во еден момент „го допрел дното“, меѓутоа сето тоа го направило уште посилен. Тој беше избришан од Манчестер Јунајтед, но се препороди откако замина во Бетис како позајмен, и одигра одлични шест месеци, носејќи го својот тим во финалето во Лигата на Конференции.
„Кога дознав дека сум повикан во селекцијата на Бразил, беше еден од најемотивните моменти. Уште поемотивен беше после сето она кое го поминав. Да бидам во добра форма, да го допрам дното и да останам силен со Божја помош, и со помош на моето семејство беше многу важно. Немав надеж во тешките времиња, но во исто време се сетив на многу работи низ кои поминав. Размислив, и си реков дека не сум заборавил како се игра фудбал, и дека не залудно играв на Светското првенство. Меѓутоа тие тешки времиња ме направија уште посилен“, рече крилниот играч на Бразил.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

