Се очекува во следните денови Манчестер Јунајтед да го ангажира бразилскиот фудбалер Антони од Ајакс. Бразилецот инстистира на трансфер на „Олд Трафорд“ и токму поради тоа веќе не е со екипата, и не беше во комбинација за натпревар овој викенд. Се очекува целата работа да биде завршена заедно со Касемиро, со што Јунајтед ќе добие две големи засилувања.
Антони игра на позицијата десно крило, а Ајакс има план како ќе ја пополни таа позиција. Ќе посегне по својот некогашен фудбалер Хаким Зијеш кој не се прослави со доаѓањето во Челси, па повеќе е на трибините и на клупата отколку што е на теренот.
Мароканецот беше поврзуван со Милан, но остана во Челси, а сега лондонските „сини“ сакаат да се ослободат од него и да отворат место за напаѓач. Но, Зијеш сега е блиску до враќање во Амстердам, најпрво како позајмен со право на откуп на крајот од сезоната.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

