Антони призна дека Баерн Минхен го контактирал на самиот крај од летниот преоден рок, но тој одбил да преговара за трансфер на „Алијанц Арена“ бидејќи веќе му дал збор на Бетис.
Според извештаите, Баварците биле подготвени да платат 30 милиони евра на Манчестер Јунајтед и 7 милиони евра нето годишно на самиот Бразилец. Ова е повеќе од двојно поголема плата од онаа што ќе ја добива во Бетис.
„Разговарав со Баерн еден ден пред да биде финализирано сè со Бетис. Не знам дали понудата беше за седум милиони евра нето. Не разговарав за тоа, но кога разговарав со нив им кажав дека сум му дал збор на Бетис и сè е 95% финализирано, и дека ќе го држам зборот. Се чувствував удобно да ја донесам оваа одлука со сето мое почитување кон Баерн, кој е еден од трите најголеми клуба во светот.“, изјави Антони.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

