Антони се поблиску до враќање во Бетис

Бразилскиот фудбалер Антони дојде на позајмица во шпанскиот Реал Бетис во јануари и не му требаше долго време за да остави добар впечаток. Тој беше под лупа поради неговите лоши игри во Манчестер Јунајтед, но ја импресионираше публиката Севилјаа, па сега тие сакаат да го купат.

Антони дојде во Манчестер во 2022 година за речиси 100 милиони евра, но не остави добар впечаток. Во 62 настапи во Премиерлигата, постигна само пет гола и запиша три асистенции.

Ова ги натера шефовите на Јунајтед да го испратат на позајмица во Реал Бетис во јануари. Таму, Антони експлодираше и постигна пет гола во 17 настапи во Ла Лига, а беше одличен и во Конференциската лига, каде што постигна четири гола и три асистенции. На крајот, Бетис беше поразен во финалето од Челси.

Тие сега преговараат со Јунајтед за сумата на трансферот, а Бразилецот повторно би можел да ги брани зелено-белите бои на Бетис оваа сезона.

Се вчитува...