Антонин Паненка: Еве кој е мојот најдобар „имитатор“

Антонин Паненка си обезбеди место во фудбалската историја со легендарниот пенал на ЕП 1976, кога со лоб-удар го изненади противничкиот голман. Легендарниот чехословачки фудбалер е сведок како во денешно време многумина се обидуваат да го копираат, но според Паненка еден играч го прави тоа подобро од сите останати.

„Серхио Рамос и неговите пенали, тоа е она што најмногу ме импресионира. Тој има шутнато многу такви удари, еден од нив и на ЕП 2012, голманите знаат дека е мајстор за тоа, но сепак знае во вистински момент да шутне Паненка и да погоди. Уживам да го гледам како ги реализира тие удари“ – истакнува Антонин Паненка.

Тој откри и како дошол на идеја за таков оригинален шут.

Со години наназад тренирав пенали со голманот во мојот клуб, многу пред тоа ЕП 1976. Се обложувавме со голманот и често губев бидејќи тој многу добро ја читаше страната каде ќе шутирам. Губев пари и чоколади, во зависност од тоа што беше облогот, а потоа почнав со мојот трик, и тој беше изненаден. Се почесто и почесто победував, но си направив нов проблем, почнав да се дебелеам од многу чоколади“ – со насмевка се потсетува Паненка.

Се вчитува...