Искусниот напаѓач Антонио Каланоски е ново засилување за струмичкиот прволигаш АП Брера. 30-годишниот фудбалер доаѓа од редовите на Силекс, каде што настапуваше во изминатиот период.
Напаѓачот играше во минатото и во Гостивар, Шкупи, Беласица, Борец, Победа.
„Честа да се биде во Брера е голема, и се надевам дека идната сезона ќе биде успешна и за мене и за клубот“, рече Каланоски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА