Македонскиот фудбалски пролигаш Гостивар во своите редови го врати искусниот напаѓач Антонио Каланоски. 30-годишниот напаѓач во редовите на гостиварци доаѓа од редовите на АП Брера каде го помина есенскиот дел од сезоната.
Претходно тој во Гостивар беше во сезоната 2022-2023 по која премина во Силекс. Во кариерата ги бранеше и боите на: Шкупи, Победа, Струга ТЛ, Борец, Царев Двор, Еуромилк…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА