Антонио Кандрева објави крај на кариерата

Фудбалерот кој е втор по настапи во историјата на Серија А, Антонио Кандрева објави крај на кариерата откако од крајот на минатата сезона е без клуб. Италијанецот последно настапуваше за Салернитана од која беше дел минатата сезона.

Поранешниот играч на Интер, Лацио, Сампдорија и репрезентативец на Италија имаше долга и успешна кариера.. Во Серија А вкупно одигра 502 натпревари со што е втор по број во италијанскиот фудбал. Пред него остана само Андреа Консили од Сасуоло.

Беше дел од репрезентацијата на Италија на Светското првенство 2014 во Бразил и на Европското првенство 2016 во Франција.

Се вчитува...