Антонио Конте е главна цел на Баерн Минхен, но…

Германскиот фудбалски гигант Баерн Минхен го посакува Антонио Конте за наследник на Томас Тухел на клупата.

Сепак, 54-годишниот италијански стручњак го чека расплетот на ситуацијата во Јувентус и Милан, пренесуваат италијанските медиуми. Конте веќе една година е без работа, откако во март 2023 година со заедничка согласност го раскина договорот и го напушти Тотенхем.

Конте е на врвот на листата на кандидати за клупата на германскиот гигант, откако Томас Тухел ќе го напушти клубот на крајот од сезоната. Сепак, италијанските медиуми пренесуваат дека Конте веќе еднаш го одбил Баерн бидејќи сака да биде на клупата на Јувентус или Милан.

Се зборува дека тој е најблиску до клупата на торинската „Стара дама“, бидејќи односите меѓу Макс Алегри и клубот се влошуваат. Конте веќе го водеше Јувентус од 2011 до 2014 година, освојувајќи три последователни титули во Серија А, а исто така беше тренер на Челси, Интер, Сиена, Аталанта, Бари и Арецо.

Се вчитува...