Наполи го ангажираше првото зимско засилување за пролетниот дел од сезоната, младиот италијански репрезентативец Луис Хаса.
20-годишниот Хаса, кој сезонава игра за Лече, доаѓа меѓу „наполитанците“, на местото на Рафа Марин кој, пак, заминува од Неапол.
Марин за 12 милиони евра пристигна од Реал Мадрид, а сега заминува на позајмица, поради тоа што не добива соодветна минутажа кај Антонио Конте. Младиот Шпанец најверојатно ќе се пресели во редовите на Комо, клубот кој е предводен од Фабрегас.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА