Тотенхем одигра сезона за заборав во која на последниот дуел против Лестер беше осигурано место во Европа следната сезона, но не во Лигата на Шампионите или Лига Европа, туку во новоформираната Конференциска лига, која медиумите во Англија истата ја оценија на нивото на Фулам и Норвич.
Тоа создаде проблем и во амбициите на Хари Кејн, убедливо најдобриот играч на лондонскиот состав во изминатите години кој во потрага по трофеи реши за замине од „Хотспур“, но претседателот на клубот, Даниел Леви има план за го задржи капитенот во своите редови.
Имено, Леви ќе се обиде во следниот период во своите редови да го доведе Антонио Конте, италијанскиот стратег кој по освојувањето на титулата со Интер реши да замине од клубот. Конте со успех го предводеше Челси во Премиерлигата, а тоа е мотив повеќе за раководството на клубот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА