Трофејниот италијански стратег, Антонио Конте ќе остане во Наполи, пренесуваат италијанските медиуми.
Конте имаше неверојатна сезона со клубот од Неапол на кој успеа да му ја донесе четвртата титула во домашниот шампионат.
Иако се шпекулираше дека тој по крајот на сезоната ќе замине од „Диего Арманда Марадона“ стадионот, сепак сега пристигнува демант.
Како што пренесуваат италијанските медиуми тој и Де Лаурентис успеале да се договорат и покрај недоразбирањето што го имаа во финишот на сезоната, па тој и следната сезона ќе го води Наполи. Наводно, првиот човек на клубот не сака да го загуби Конте и е подготвен да му ги исполни трансфер желбите, а ќе му даде и повисока плата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

