Италијанскиот шампион Наполи се поврзува со многу имиња ова лето, а тие веќе добија засилување во лицето на Кевин де Бруине. Тоа само по себе е голема работа за шампионите на Италија, меѓутоа, тие не планираат да застанат тука.
Конте сака во Наполи да ги донесе и Џејдон Санчо, потоа Дарвин Нуњез, а сега се појавува и името на Ноа Ланг, кој е дел од ПСВ. 26-годишниот фудбалер има искуство со играње во трите најголеми холандски клуба: Феенорд, Ајакс и сега ПСВ.
Зад себе Ланг има добри бројки – 14 голови и 12 асистенции, меѓутоа важи за играч со проблематичен карактер, и не е голем работник. Меѓутоа Конте бил уверен дека може да го промени неговиот менталитет. За него се бараат 28 милиони евра.
Ако сите овие пристигнат, тогаш Наполи би го имал најдобриот напад. Санчо, Лукаку, Нуњез, Ланг… Тоа би бил тим за одбрана на титулата, но и успех во Лигата на шампионите.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

