Македонскиот репрезентативец Антонио Ристевски имаше неуспешен настап на велеслаломот на ЗОИ во Пјонгчанг откако нашиот претставник не успеа да ја заврши првата од двете трки, останувајќи без пласман на ова натпреварување.
Ристевски е најискусен од нашите тројца олимпијци во Пјонгчанг, но за жал направи грешка на патеката и не успеа да ја мине целта.
Со златниот медал во велеслалом очекувано се закити големиот фаворит, Австриецот Марсел Хиршер, со вкупно време од 2:18.04 минути. Сребрениот медал го освои Кристоферсен од Норвешка со 1.27 секунди заостанување, додека третопласиран беше Французинот Пинтуро со 1.31 секунда послабо време од победникот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА