Антонио се враќа на фудбалот една година по страшната сообраќајка

Мајкл Антонио во декември 2024 година имаше страшна сообраќајна несреќа во која голгетерот на Вест Хем едвај спаси жива глава, лекарите по неколку комплексни операции успеаја да го спасат неговиот живот, а 35-годишниот ветеран сега е подготвен и за камбек на фудбалските терени.

Договорот со Вест Хем со важност до крајот на ланската сезона очekuvano ne беше продолжен, но голгетерот од Јамајка сега има нов клуб.

Станува збор за Ал Саили, прволигаш од Катар со кого Антонио потпиша договор за да ги одигра преостанатите шест средби до крајот на сезоната во овој шампионат.

Ветеранот ќе го искористи овој период за да влезе во натпреварувачки ритам, а се најавува дека тој следното лето ќе се врати назад на „островот“, и тоа најверојатно во чемпионшип дивизијата каде неколку клубови веќе испратиле понуди за негов ангажман.

Се вчитува...