Германската тенисерка Анжелик Кербер стигна до својата прва титула на гранслем турнирот Вимблдон, откако во големото финале во Лондон ја совлада најголемата во историјата, Серена Вилијамс, со 2-0 во сетови. Кербер е првата Германка по легендарната Штефи Граф во 1996 година, која успева да го освои трофејот во Ол Ингланд клуб.
Серена Вилијамс останува со своите 23. гранслем титули, откако направи 24 неизнудени грешки во финалниот меч, наспроти само пет на победничката Кербер. Таа успеа да слави за само 65 минути игра во финалето.
Првиот сет Германката го доби со 6-3 во гемови, а по исцрпувачка борба, Кербер идентично славеше и во вториот сет, стигнувајќи до својот прв трофеј на Вимблдон.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА