АО – Без изненадувања во женска конкуренција, Зверев до сигурна победа

Третата најдобра тенисерка на светот, Наоми Осака се пласираше во осмина финалето на Австралија Опен откако славеше со 2-0 (6-3, 6-2) над Онс Жабер од Тунис. Јапонката во следната рунда ќе се сретне со Габрине Мугуруза.

Без изненадување заврши и дуелот помеѓу Серена Вилијамс и руската тенисерка Анастасија Потапова откако Американската славеше со 2-0 (7-6, 6-2). За Вилијамс оваа победеа е 90. на АО.


Шестиот најдобар машки тенисер, Александер Зверев беа проблеми го мина третото коло откако славеше со 3-0 (6-3, 6-3 и 6-1) над Адријан Манариа.

 

Се вчитува...