Доминик Тим испадна во осминафиналето на Австралија опен. Исцрпениот австриски тенисер беше потполно немоќен против Григор Димитров.
Бугарскиот тенисер славеше со 6-4, 6-4, 6-0, закажувајќи дуел против рускиот тенисер Аслан Карацев, кој во својот прв грандслем турнир стигна до четвртфиналето.
Карацев по голема борба во пет сета го победи Канаѓанецот Аугер-Алиасим кој 19. тенисер во светот. Канаѓанецот имаше предност од 6-3, 6-1, а потоа неверојатен пресврт на Русот кој два сета во низа доби со 6-0, а потоа одлучувачкиот сет го доби со 6-4.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

