Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се пласираше во осминафиналето на Австралија опен откако славеше против Алберто Рамос-Вињолас во три сета со 6-2,6-3,6-3.
Ѓоковиќ ја запиша и петтата победа во исто толку мечеви со Шпанецот, сега стигнувајќи до триумфот и покрај болките и проблемите со повредата на бутниот мускул од левата нога.
Во осминафиналето се пласираше и Роџер Федерер, исто така во три сета со 6-2,7-5,6-4 славејќи против Французинот Ришар Гаске.
Пласман понатаму обезбеди и Томаш Бердих кој во три сета славеше против Мартин Дел Потро.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА