Рафаел Надал без никакви проблеми се пласираше во второто коло на Австралија опен победувајќи го Германецот Флорин Мајер со 6-3,6-4,6-4.
Без проблеми славеше и Милош Раониќ против Браун со 6-3,6-4,6-2, а и Французинот Симон во три сета, со 6-1,6-3,6-3 го надигра Американецот Ммох.
Александар Зверев се мачеше, но сепак успеа да се пласира во следната рунда натпревари. Талентираниот германски тенисер играше против Робин Хасе, кој водеше со 2-1 во сетови, но Зверев потоа врза два сета и стигна до триумф со 6-2,3-6,5-7,6-3,6-2.
И Гофин се мачеше против Американецот Опелка. На Белгиецот му требаа пет сета да го скрши отпорот на малку познатиот противник. Жилс Милер со 7-6,7-6,6-3 го совлада 93-от светски тенисер, Американецот Фриц, додека Гаске против квалификантот Мота победи со 6-4,6-4,6-2.
Чехот Радек Степанек, во три сета, со 6-2,7-6,6-3 беше подобар од Русинот Турсунов.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА