Рафаел Надал ја запиша втората максимална победа на Австралија опен пласирајќи се во 3. коло. Првиот тенисер во светот славеше против Леонард Мајер од Аргентина по 159 минути игра со 6-3,6-4,7-6(4).
Противник на Надал за пласман во осминафиналето ќе му биде Дамир Џумхур од БиХ кој во четири сета беше подобар од Џон Милман.
Французинот Симон, пак, поради повреда на левиот бутен мускул го предаде својот меч по само 46 минути игра против Шпанецот Пабло Карења Буста при водство на противникот од 6-2,3-0.
Буста во следното коло ќе игра со Жил Милер од Луксембург кој по голема борба во пета сета го победи Тунижанецот Жазири, во меч кој траеше четири часа и четири минути.
Хрватот Иво Карловиќ во пет сета го победи Јапонецот Сугита. Хрватот последниот петти сет го доби со 12-10. И Французинот Цонга се мачеше за пласман во следната рунда, победувајќи го исто така во пет сета Шаповалов од Канада.
Мечот на денот во женска конкуренција го одиграа Каролина Вознијацки и Хрватката Јана Фет. По голема дврама, славеше Вознијацки со 3-6,6-2,7-5.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА