Шпанскиот тенисер Рафаел Надал се пласираше во осминафиналето на Австралија опен по победата против Германецот Александар Зверев во пет сета.
Во крајно интересен натпревар, кој на крајот траеше четири часа и пет минути, Надал стигна до триумфот со пресврт од 4-6,6-3,6-7,6-3,6-2, откако имаше негатива од 1-2 по првите три сета.
И покрај тоа што во тај-брејк го загуби третиот сет Надал не се предаваше па комплетно доминираше во последните два сета, за пласман во осминафиналето каде ќе игра со подобриот од мечот меѓу Гаел Монфилс и Филип Колшрајбер кој се игра во овие моменти. Монфилс води со 2-0 во сетови, 6-3,7-6, и е пред пласман во осминафиналето.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА