Бугаринот Григор Димитров ќе игра во четвртфиналето на Австралија Опен откако во осминафиналната пресметка беше подобар од Гркот со австралиски пасош Ник Кирјос.
Димитров славеше во четири сета, притоа трите свои добивајќи ги во тај-брејкот. Бугарскиот тенисер славеше со 7-6,7-6,4-6,7-6.
Австралијанците полагаа големи надежи во Кирјос дека може да стигне и до првата своја Грандслем титула, по четири освоени на помалите турнири. Но, сепак одличниот Димитров беше пречка која не можеше да ја прескокне.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА