Германската тенисерка Анџелик Кербер мораше прилично да се намачи околу пласманот во четвртфиналето на Австралија Опен. Кербер ја победи 88-та тенисерка во светот Су Веи Хсие од Тајван за место меѓу осумте најдобри.
По два часа и 11 минути одличен тенис Кербер, која е победничка на Австралија Опен од 2016 година, славеше со 4-67-5,6-2.
Во четвртфиналето ќе игра против Американката Медисон Кис која беше подобра од Каролин Гарсија од Франција во два сета, со 6-3,6-2.
Пласман во четвртфиналето на АО обезбеди и Романката Симона Халеп која во два сета, 6-3,6-2, беше подобра од Јапонката Наоми Осака.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА