Данскиот тенисер Холгер Руне се пласраше во второто коло на Австралија опен по победата над Јапонецот Јошихито Нишиока во четири сета, со 6-2, 4-6, 7-6 и 6-4.
Руне во следното коло ќе игра Французинот Казо кој го елиминираше српскиот тенисер Ласло Џере. Му требаше на осмиот тенисер на светот речиси четири часа за да обезбеди пласман во следната рунда натпревари.
А, понатаму продолжуваат и Каспер Руд и Григор Димитров.
Руд (11. место на светската АТП листа) по 128 минути го победи Шпанецот Алберто Рамос со 6-1, 6-3 и 6-1.
Григор Димитров (13-ти светски тенисер) по триипол часа игра го победи Унгарецот Мартон Фучович со 4-6, 6-3, 7-6(1) и 6-2.
Пласман понатаму обезбеди и Холанѓанецот Талон Грикспор кој беше подобар од Роман Сафиулин од Русија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

