Американката Серена Вилијамс лесно се пласираше во третото коло на Австралија опен, за нешто повеќе од еден час игра славејќи против Канаѓанката Еугени Бушар со 6-2,6-2.
Првиот сет го одбележа лошиот сервис на двете тенисерки но Американката подобро се справи. А во вториот сет Бушар веќе не можеше ништо против расположената Серена.
Во следното коло Вилијамс ќе игра против Украинката Дајан Јестремска која претходно ја елиминираше 23-та носителка, Карла Суарез Наваро.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА