Младинскиот репрезентативец Димитар Тодоровски летово ќе го напушти Работнички. Играчот кој потекнува од школата на „романтичарите“ важи за еден од најдобрите млади играчи во ПМФЛ, а неговата следна дестинација ќе биде Струмица.
ЕКИПА дознава дека Тодоровски е пред потпис со тимот на АП Брера. Струмичкиот прволигаш сака да го искористи фактот што Тодоровски е слободен агент, и да го доведе во своите редови. АП Брера ќе треба на Работнички само да му плати тренинг компензација.
Димитар Тодоровски игра во средниот ред, а има 29 настапи за младинската репрезентација на Македонија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА