Македонскиот фудбалски прволигаш АП Брера за пролетниот дел од првенството се засили со уште еден фудбалер. Станува збор за 20 годишниот Роџерс Мато од Уганда кој минатата година настапуваше за Кампала и турскиот состав Шанлиурфаспор.
Мато е дел и од националната фудбалска селекција на Уганда за која иако има само 20 години има забележано дури 21 настап, а три пати се запиша во листата на стрелци.
Роџерс е млад и надежен фудбалер кој игра во нападот на десната и лева крилна позиција. По заминувањето од турската екипа тој доби понуди од повеќе клубови од Европа, но се одлучи кариерата да ја продолжи во Првата Македонска Фудбалска лига.
Роџерс Мато е последното засилување во таборот на Брера на неполни две недели од стартот на пролетниот дел од првенството кое го почнува со тимот на Силекс во Кратово.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

