АП Брера ги стартуваше подготовките за новата сезона (ФОТО)

Македонскиот прволигаш АП Брера денеска на теренот на СЦ „Пандев“ во Струмица ги почна подготовките за новата сезона. На првиот тренинг се појавија сите фудбалери на кои стратегот Бојан Круљ ќе смета во подготвителниот период но и за наредната првенствена сезона.

Во подготовките за сениорскиот состав се приклучија дури 10 фудбалери од младинскиот погон. Подготовителниот период АП Брера ќе го реализира во Струмица и во Банско Бугарија каде екипата ќе замине на 10. јули . Таму се планирани и четири контролни средби со доста силни противници. До стартот на првенството во август, формата ќе се темпира во Струмица.

Шефот на стручниот штаб Круљ најави дека во следната натпреварувачка сезона Брера Струмица ќе биде далеку поконкурентен тим кој отворено ги најавува амбициите а тоа е атак на првите четири позиции на прволигашката табела.

Се вчитува...