АП Брера го промовираше Нигериецот Олаосебикан… (ФОТО)

Струмичкиот прволигаш АП Брера го промовираше 23-годишниот нигериски интернационалец Ибрахим Олаосебикан како ново засилување за пролетниот дел од сезоната во Првата македонска фудбалска лига.

Станува збор за централен играч за врска кој минатата година настапуваше за литванскиот Судова за кој одигра 34 натпревари во Литванската А лига и тамошниот национален Куп, при што постигна два гола а имаше и 3 асистенции.

Олаосебикан својата карирера ја почнува во нигерискиот Реал Сафире а во Литванија преминува во 2021 година каде освен во Судова има настапувано и за тимот на Хегелман.

„Воодушевен сум што сум овде во Струмица. Ви благодарам за топлиот прием за моето доаѓање. Тука сум да го поддржам тимот за да заедно ги постигнеме целите. Верувам дека моите извонредни вештини ќе бидат одлично дополнување на  тимот“ – вели Ибрахим Олаосебикан.

Се вчитува...