АП Брера повторно во своите редови го врати Даниел Миловановиќ кој пред две сезони играше за струмичкиот прволигаш.
Миловановиќ се враќа во АП Брера откако спогодбено го раскина договорот со унгарскиот прволигаш Залаегерсег. 25-годишниот Миловановиќ, кој фудбалски потекнува од кавадаречки Тиквеш, за Брера, тогашна Академија Пандев, настапуваше претходно од 2015 до 2021 година, кога се пресели во Унгарија.
Миловановиќ игра на десната крилна позиција и треба да биде сериозно засилување за струмичани во пролетниот дел од шампионатот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

