АП Брера ја победи Беласица Петрич, Тиквеш ремизираше со Земун, Македонија ЃП до реми со полска Арка

Фудбалерите на АП Брера триумфираа со 2-1 против бугарската Беласица Петрич на пријателскиот натпревар кој денеска се одигра на стадионот „Благој Истатов“ во Струмица.

Македонскиот тим беше подобриот на теренот во тест-пресметката сосема заслужено доаѓајќи до победата со погодоците на Ѓоргиевски во 5. минута, и на Крстев во 75. минута.

Тиквеш, пак, ремизираше без голови на пријателскиот дуел со српскиот прволигаш Земун кој се одигра на стадионот на СРЦ „Билјанини извори“ во Охрид.

Фудбалерите на Македонија ЃП исто така одиграа натпревар без голови на тестот со полскиот второлигаш Арка од Гдиња.

Се вчитува...