Две победи по ред, и тоа многу важни, или три триумфи на последните четири натпревари. Девет бода со кои АП Брера сериозно „живна“ и се искачи во средишниот дел на табелата во Прва МФЛ.
Но, избраниците на младиот стратег Мартин Алаѓозовски не сакаат сега да сопрат, напротив, сакаат да го искористат залетот и да стигнат до триумф и на денешниот меч против Башкими на домашен терен.
„Фудбалерите ја прифатија мојата филозофија и на секој нареден натпревар сме се подобри. Верувам дека ќе продолжиме во ист стил“, вели шефот на стручниот штаб на Брера.
Башкими е опасен ривал кога на игра гостински терен, го почувствуваа тоа претходно и Пелистер и Работнички, па Брера ќе мора да биде внимателна и максимално фокусирана во текот на целиот натпревар.
ПМФЛ 9. КОЛО:
ВЧЕРА:
МАКЕДОНИЈА ЃП – АРСИМИ 4-1
ДЕНЕСКА:
(15.00) АП БРЕРА – БАШКИМИ
(15.00) ШКУПИ – РАБОТНИЧКИ
НЕДЕЛА:
(15.00) СИЛЕКС – ТИКВЕШ
(15.00) ВАРДАР – СТРУГА ТЛ
ПОНЕДЕЛНИК:
(18.00) ПЕЛИСТЕР – ШКЕНДИЈА
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

