АП Брера продолува со победничката серија во новата сезона во македонската ПМФЛ. Струмичкиот тим попладнево во 4. коло го совлада и составот на Тиквеш со 2-0, и заокружи максимални четири победи и 12 бодови на стартот од Првата лига.
Отпорот на Тиквеш, АП Брера го скрши во 72. минута со голот на Малески. По нафрлен корнер од десната страна, Малески со глава го совлада Димовски. Во судиското надополнување Мартин Ѓоргиевски се запиша во листата на стрелците, откако Малески украде топка и нафрли, по што во првиот обид одбрани Димовски, а потоа Ѓоргиевски одбиената топка ја смести во мрежата.
Тиквеш на 0-0 можеше лесно да води. Кавадарчани се покажаа како жилав противник, но Алчевски на голот, и пред се одбраната на АП Брера интервенираа навреме и трет натпревар ја сочуваа мрежата во новиот шампионат.
Максимален учинок во сезоната покрај АП Брера има и тетовска Шкендија, но „црвено-црните“ имаат натпревар помалку.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

