Јован Симиќ, спортскиот директор кој ја презеде функцијата пред почетокот на подготовките за новата сезона, си замина од АП Брера поради семејни причини, соопшти клубот од Струмица.
Симиќ ја извршуваше функцијата генерален директор, а од оваа сезона требаше да биде спортски директор.
„Секогаш е тешко кога доаѓа до разделба, особено оние разделби кои не се во прилог ни на двете страни. Поставивме добри темели за новата сезона што е пред нас и клубот ја дочекува сезоната подготвен во играчки и организациски смисол. Голема благодарност до Горан и семејството Пандев, сопствениците на Брера Холдинг и сите луѓе со кои соработував во Брера. Македонија и Струмица имаат посебно место во моето срце, бидејќи сите ме прифатија со отворено срце. Во Струмица е напишана најубавата страница од мојата кариера и искрено жалам што нашите патишта се разделуваат, но Струмица останува мој град и со нетрпение очекувам да дојдам да гледам натпревари и да се сретнам со драги луѓе.“ – истакна Симиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА