АП Брера повторно го ангажираше Матеј Цветаноски (ФОТО)

АП Брера повторно во своите редови го врати крилниот офанзивен фудбалер Матеј Цветаноски, кој беше дел од струмичкиот прволигаш во втората полуетапа од последниот шампионат.

26-годишниот Цветаноски зад себе има големо искуство како во македонскиот шампионат така и во странство. Има играно за Македонија ЃП, Пелистер, Вардар, Шкупи како и за унгарски Ѓирмот и албанскиот Партизани, па без сомнение сега повторно ќе биде сериозно засилување за струмичани.

Минатата сезона Матеј Цветаноски за АП одигра 6 натпревари при што имаше една асистенција а во македонскиот шампионат зад себе има вкупно 158 настапи и постигнато 21 гол и 25 асистенции. Цветаноски своевремено беше дел и од младинските репрезентации на Македонија.

Се вчитува...