АП Брера со победа над Арсими среде Гостивар (ВИДЕО)

Екипата на АП Брера со три бода се враќа од тешкото гостување во Гостивар кај екипата на Арсими. На крајот струмичкиот тим триумфираше 0-2, освојувајќи големи три бода во битката за опстанокот. Арсими, пак, го бележи и вториот пораз во вториот меч од пролентиот дел и си ја искомплицира ситуацијата во битката за директен опстанок во ПМФЛ.

Првиот гол на средбата беше дело на Петровиќ во 23. минута. Откако успеа по една акција да се пробие од левата страна, Петровиќ со рутински удар го совлада Иљази и донесе предност.

Во вториот дел повеќе од шансите имаше Арсими, особено во финишот. Најзрелата ја имаше Ремзифаик Селмани кој со глава од само 3-4 метри го префрли голот, а потоа и Цуцули пропушти можност да донесе барем бод за домашниот тим.

Но, кога домашниот тим целосно се отвори да постигне израмнувачки гол, еден противнапад на Брера и убав удар на Стојанов донесе и 0-2, што беше конечен резултат на мечот.

Се вчитува...