AП Брера со пораз од Сараево го заврши настапот во младинската Лига на шампиони

Младинскиот шампион на Македонија, АП Брера по ремито на домашен терен 2-2 пред седум дена, денеска загуби на гостувањето кај Сараево со 2-0 и со тоа го заврши настапот во младинската Лига на шампиони.

Откако мрежите мируваа во првото полувреме, домаќините на овој меч поведоа со 1-0 со голот на Игнатков во 56. минута. Само пет минути подоцна македонскиот младински шампион остана и со фудбалер помалку откако Игор Ристов доби втор жолт картон.

Победата и пласманот во следната фаза тимот од главниот град на Босна и Херцеговина го потврди со голот на Хамзиќ во 80. минута за конечни 2-0.

 

Се вчитува...