21 годишниот напаѓач Папа Оумар Сисе од Сенегал кој во редовите на Брера Струмица дојде летово спогодбено го раскина договорот со македонскиот прволигаш. Управата на клубот и Сисе се договорија и одлучија спогодбено да го раскинат договорот за неговиот.
Сисе во струмичкиот клуб дојде во јули, месец дена пред стартот на првенството од италијанскиот клуб Авецано. Во есенскиот дел од првенството за АП Брера имаше 14 настапи при што беше асистент на гол во дуелот со Струга Трим Лум.
Пралалено од клубот ја информираат јавноста дека истече договорот со Христијан Малески кој беше на позајмица во клубот. Тој се враќа повторно во Струга Трим Лум, од каде летово дојде во Струмица. 21 годишниот Малески во дресот на Брера доби шанса на 10 првенствени меча при што постигна гол во мечот со Тиквеш од Кавадарци
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

