Екипата на АП Брера од Струмица, која има амбиции во пролетниот дел да избори опстанок во ПМФЛ, ги почна подготовките под палката на Мартин Алаѓозовски.
Како што информираат од клубот, првата фаза екипата ќе ја помине во Струмица. На 20 јануари, експедицијата се сели во соседна Грција, каде ќе се подготвува до крајот на јануари. Потоа од 1. февруари следува и последната фаза од подготовките која ќе ја поминат во Струмица.
„Ги почнавме подготовките, драго ми е што го имаме 90% од играчкиот кадар, не напуштија 2-3 играчи. Се надеваме дека во следниот период ќе ни се приклучи Антовски кој има повреда. Во Грција имаме закажано 2-3 натпревари. Знаеме дека не очекува тешка полусезона. Игравме добар фудбал, напредувавме. Очекувам од моите играчи пред се да се здрави во овие денови, и да покажеме што знаеме и умееме“, изјави Алаѓозовски.
Екипата очекува да се засили во следниот период, а екипата ја напушти првиот стрелец Ндзенгуе кој замина во тимот на Шкендија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

