Апетитите на Ридигер поголеми од касата на Челси – Германецот одби уште една понуда на „сините“

Германскиот дефанзивец Антонио Ридигер ја одбил новата понуда на Челси за продолжување на неговиот договор. Последната понуда на „сините“ била вредна неверојатни 200.000 фунти неделно.

Еден од најважните играчи на тимот од Лондон има намера да заработува многу повеќе за своите одличните игри што ги прикажува на „Стемфорд Бриџ“, па тој ја одби и втората понуда Челси.

Ридигер ја користи супериорната ситуација во која се наоѓа. Свесен е дека е на мета на бројни европски великани, како Баерн и Пари Сен Жермен, па не мора да се грижи за продолжување на кариерата во Англија.

Неговиот договор со Челси, вреден 100.000 евра неделно, истекува на лето. Клубот со сите сили се обидува да го задржи, но очигледно ќе мора да го исполни барањето за поголема неделна плата.

Стоперот е член на Челси од 2017 година кога пристигна од Рома. Претходно играше за Штутгарт.

Се вчитува...