АПОКАЛИПТИЧНИ СЦЕНИ ОД БРАЗИЛ: Голем пожар на Олимпискиот стадион во Рио (ВИДЕО)

Aпокалиптични сцени ни доаѓаат од Бразил, по пожарот што се случи во Олимпискиот стадион во Рио де Жанеиро. Пожарот го зафати Олимпискиот стадион, каде што се одржаа ЛОИ во 2016 година. Во негова близина се наоѓа велосипедска патека каде што тренираат велосипедисти од Бразил, како и други спортисти.

Покривот на стадионот беше оштетен во голем пожар, додека остатокот од стадионот, вклучително и велосипедската патека, не беа оштетен. Дури 80 пожарникари се бореа со огнената стихија и за среќа сè помина без човечки жртви.

Стадионот имаше слични проблеми во минатото. Во 2017 година избувна пожар, исто така на покривот, и се покажа дека пожарот е предизвикан од употреба на светлечки елементи.

Се вчитува...