Апокалиптични сцени во Мексико, арена вредна 500 милиони долари целосно под вода

Ураганот „Џон“ кој удри со намален интензитет во брегот на јужниот дел на Мексико, го уништи стадионот за тенис „ГНП Сегурос Арената“. Овој спортски објект беше отворен во 2022 година, и чинеше дури 500 милиони долари, и на него се одржува познатиот Мексико опен во Акапулко.

Теренот на Арената е поплавен, а поплавени се и останатите терени во комплексот.

Централниот стадион има капацитет од 10.000 седишта, а освен тениски натпревари, таму се одржуваат и други настани како концерти.

Овогодинешното издание на „Мексико опен“ за малку ќе беше откажано поради ураганот по кој загинаа 52 лица. Сепак се одржа на крајот на февруари и почетокот на март, а го освои Алекс де Минаур.

Се вчитува...