Стадионот на Тампа Беј Рејс, познат како Тропикана Филд, остана без покрив за време на налетот на ураганот Милтон што ја погоди Флорида во текот на ноќта меѓу средата и четвртокот.
Откако помина најтешкиот дел од невремето и времето почна да се смирува, следуваа првите фотографии кои сведочат за разорната моќ на ветрот.
Фотографиите од местото на настанот покажуваат дека покривот на стадионот, кој беше отворен во 1990 година, е целосно урнат. За среќа нема жртви.
За јачината на ветрот што го зафати ова подрачје зборува и податокот дека покривот на полето Тропикана е направен така што може да издржи брзина на ветер од 185 километри на час.
Дека покривот на оваа зграда немал ни теоретски шанси да преживее, говори и податокот дека во моментот кога удрил во заливот Тампа, ветерот на ураганот Милтон дувал со брзина меѓу 200 и 250 километри на час.
Now that the sun is up, here’s a 360-degree view of the damage Hurricane Milton caused to Tropicana Field’s roof and the inside of the ballpark. Absolutely heartbreaking 💔 pic.twitter.com/ZCtPHv6rE9
— Ryan Bass (@Ry_Bass) October 10, 2024
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА