Апостолски-Лечиќ: Секоја чест за момците кои одиграа две финалиња, ова е успех за Работнички

Работнички со половичен учиник ги заврши вчерашните финални натпревари во конкуренциите за кошаркари под 16 и под 18 години. „Црвено-белите“ на Андреј Апостолски Лечиќ стигнаа до титулата во генерацијата под 16 години, додека во „големото“ финале немаа сили за целосен камбек и покрај тоа што од негатива од 20 поени успеаја да дојдат до „минус“ седум на крајот на мечот.

По натпреварот младиот стратег не ги криеше задоволството од прикажаното на неговиот тим кој настапи и на двете финални средби.

„Оваа година имаме две селекции м18 во кои играа помладите деца од селекцијата м16 и ова е голем успех за нас што како помлада екипа стигнавме во едно финале на м18 конкуренција. „Помладото“ финале го освоиме, а децата дадоа се од себе да го освојат и „поголемото“ финале, меѓутоа за жал не успеавме. Работнички има одлични млади играчи, треба да сметаме на нив во иднината.Оваа година имавме само две селекции, но се надеваме дека веќе од следната година ќе имаме селекции во сите воздрасти и ќе бидеме конкурентни во нив. Секоја чест за моите играчи кои изиграа максимално и дадоа се од себе. Нема што да се бара повеќе кога играат 40 минути на два натпревари. Презадоволен сум, ова е успех за нас“, изјави за ЕКИПА Андреј Апостолски Лечиќ.

Се вчитува...