Македонската кадетска кошаркарска репрезентација од утре па до 20. август ќе биде домаќин на најдобрите европски репрезентации. Во групната фаза од Европското првенство во „А“ Дивизија „црвено-жолтите“ силите ќе си ги одмерат со Шпанија, Грција и Црна Гора во обид да се избегне „губитничката“ фаза и да се опстане во „елитата“.
Селекторот Андреј Апостолски-Лечиќ е уверен дека репрезентативците ќе дадат максимум на секој натпревар, улогата на домаќин ќе биде мотив плус, а младиот стратег посакува и поддршка од публиката.
„После успешно реализираните подготовки за Европското првенство во траење од 45 дена, комплетни влегуваме на овој шампионат од најсилната кадетска конкуренција. Ќе ни биде особена чест да биделе дел од ова големо натпреварување, и во оваа прилика можам да ветам дека ние ќе го дадеме нашиот максимум за националниот дрес. Тоа што сме домаќини на ова првенство треба да ни биде мотив плус за добра игра. Во исто време посакувам и да не изостане онаа поддршка од трибините. Очекувам публиката да ни даде дополнителна енергија во реализација на нашите планови. Тоа многу ни значи“, вели Апостолски-Лечиќ.
Македонија натпреварите ќе ги игра од 18 часот и 45 минути, а првиот предизвик наречен Црна Гора е утре. Во сабота нашите репрезентативци силите ќе си ги одмерат со Грција, а в недела против Шпанија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА