Неколку навивачи на Хал се уапсени по натпреварот против Челси во ФА Купот поради „дискриминаторно“ скандирање.
Домашните навивачи неколку пати во текот на мечот скандираа „Челси рент бој“, алудирајќи дека фановите на „сините“ припаѓаат на геј популацијата.
Во еден момент на семафорот беше издадено и предупредување да се престане со ова скандирање.
Судот во Англија во 2022 година го класифицираше изразот „рент бој“ како анти-геј парола и со самото тоа истата подлежи на кривична постапка.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

