Полицијата во Германија соопшти дека уапсила две лица по помалите судири меѓу германските и англиските навивачи во Дизелдорф во петокот вечерта, јави ДПА.
Илјадници англиски навивачи се во германскиот град за четврт-финалето со Швајцарија и предизвикаа одредени немири.
„Имаше околу 5.000 англиски навивачи во Дизелдорф минатата ноќ, повеќето од нив исклучително добро се однесуваа“, се вели во соопштението на полицијата. Две апсења се извршени поради помали инциденти, никој не е повреден“, се додава во пораката.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА