Новак Ѓоковиќ со победата над Каспер Руд во финалето од Ролан Гарос испиша историја во тенисот како првиот кој успеал да стигне до 23. гренслем титула. Со тоа Србинот ги остави зад себе Рафаел Надал кој имаа 22 и Роџер Федерер кој е на третото место со 20 титули.
Ѓоковиќ постана и првиот тенисер во историјата кој три пати ги освојува сите четири гренслем турнири.
Српскиот тенисер е апсолутено најдоминантен на Австралија Опен каде има 10 титули, Вимбилдон го освои седум пати, а три титули крена на УС Опен и Ролан Гарос.
Novak Djokovic is rewriting the history books! pic.twitter.com/OU3gpa14Sl
— US Open Tennis (@usopen) June 11, 2023
Тој е и првиот играч во историјата со најмалку седум финални натпревари на секој од гренслем турнирите. Ниеден друг тенисер досега не успеал да го направи тоа ни шест пати.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

